Петмина кумановчани го осиромашија „Водовод“ за 10 милиони денари

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против кумановчаните В.Б.(37), Г.М.(50), Р.И.(42), Г.С.(42) и С.Ј.(42), вработени во ЈП „Водовод“ Куманово, бидејќи ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.

Според информациите на МВР, во периодот од 2006 до 2011 година, спротивно на Законот за градење, Законот за локална самоуправа и одлуките на Општина Куманово, петмината кумановчани склучувале договори или усно си се договарале со правни и физички лица за изградба на водоводна и фекална канализација на неколку локациии во Куманово. Оваа итрина на кумановчаните, го оштетила „Водовод“ за износ од 10.077.938 денари.

најчитано сега