Тајфунот Утор го погоди и Хонг Конг
Тајфунот Утор го погоди денеска Хонг Конг, носејќи со себе ветрови кои дуваа од над сто километри на час и поројни дождови. Затворени се повеќе продавници, финансискиот пазар и училиштата, а беше предизвикан и застој во авиосообраќајот.
Опсерваторијата на Хонг Конг прогласи трет, највисок степен на бура. Центарот на тајфунот го заобиколи градот и се насочи кон крајбрежните подрачја во провинцијата Гуангдонг. Се очекува тајфунот проследен со ветрови со брзина од 155 километри на час оваа кинеска провинција да ја погоди вечерва или утре изутрина.
Тајфунот претходно ги погоди Филипините, уривајќи куќи, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето. Властите соопштија дека во невремето загинале шест лица, а петмина рибари се уште се водат како исчезнати.
ФОТО: Журнал