ВИДЕО: Хан побара брзо формирање на Влада и воздржување од тензии
Еврокомесарот Јоханес Хан кој вчера дојде во посета на Скопје за изнаоѓање на решение за излез од кризата, даде интервју за Канал5, во кое објасни зошто одби да се сретне со претставниците на "ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА" и кои се неговите политички ставови.
Тој истакна дека немал време во својата агенда да се сретне со претставниците и дека било предвидено да се сретне само со политичките лидери. Побара формирање нова влада посветена на спроведување на реформите, почитување на изборните резултати, имплементација на договорот од Пржино и воздржување од разгорување меѓуетнички тензии.
Околу претседателот Иванов кој одби средба со него, Хан истакна дека не би сакал да коментира, но во една ваква ситуација е многу важно тој да е во државата.
Според Хан, крај на политичката криза ќе донесе почитувањето на демократските стандарди, што според него значи дека ако има мнозинство во Владата тоа би требало да биде почитувано од сите.
Интервјуто погледнете го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа