ВИДЕО: Најдобриот македонски фудбалер Пандев одговори на прашањата на фановите

Нашиот најдобар македонски фудбалер Горан Пандев пред денешниот меч против Бугарија кој ќе се игра на арената „Филип Втори“ даде интервју во кое одговори на големиот број на прашања кои беа поставени на Фејсбук страницата на Фудбалската федерација на Македонија. Пандев не пропушти да одговори за тоа како се вклопува во тимот на Наполи со старо-новиот негов тренер Рафаел Бенитез, како и за периодот во кој настапуваше во Интер и неговиот однос со еден од најдобрите менаџери на светот Жозе Мурињо. Се разбира зборуваше и за македонската фудбалска репрезентација. 

11:53