Западнонилската треска зема замав во Србија - заболени 34 лица

Западнонилската треска ја нападна Србија. Бројот на пациентите во Клиниката за инфективни и тропски болести во Клиничкиот центар на Србија достигна 34 лица.
Ова го изјавува директорот на клиниката, д-р Драган Делиќ за Танјуг и потсетил дека заразата се пренесува од комарци.
Инаку, се очекуваат резултатите и на уште 10 пациенти за кои се смета дека се заразени со западнонилската треска.
ФОТО: Алфа
11:26