Петгодишно девојче почина поради родителска негрижа - ја заборавиле 12 часа во автомобил

Уште едно дете стана жртва на родителска негрижа, овојпат во Саудиска Арабија. Се работи за петгодишно девојченце кое починало откако родителите цели 12 часа ја заборавиле во автомобил.

Страшната трагедија се случи пред неколку дена, кога родителите си ја заборавија ќерката во автомобилот на нејзиниот вујко, по што девојчето за жал се угушило од топлото време. Докторите потврдиле дека причина за смртта е превисоката температура на која таа била изложена.

Родителите и вујкото се правдаат дека детето спиело па не сакале да го будат и затоа го оставиле во автомобилот.

За жал ова не е прв ваков случај во Саудиска Арабија. Забележани се уште неколку и тоа само во текот на ова лето.

ФОТО: Нова Македонија

 

11:19

најчитано сега