Неколку лица го загубија животот во експлозијата на воена подморница во Мумбај

Експлозија одекна во индиската воена подморница, која потоа предизвика и пожар. Инцидентот се случи во пристаниште на Мумбај, а во подморницата се блокирани 18 морнари, изјави портпаролот на воената флота на Индија, Нарендра Виспуте. 

Според последните информации, има загинати во несреќата што се случи во пристаништето во Мумбај, соопшти индискиот министер за одбрана А.К. Антони.

- Тажен сум поради морнарите кои гуи изгубија животите служејќи им на својата земја, изјави Антони, не наведувајќи колку луѓе загинале.

Подморницата била целосно исправна кога во јануари била вратена во Индија.

ФОТО: Вис.мк

11:12