ВИДЕО: Си ја спаси девојката која скокна од петти спрат
Млада девојка од Кина се обидела да изврши самоубиство скокајќи од тераса, но за среќа ја спасило нејзиното момче.
20-годишната Кинескиња по кавгата со нејзиното момче се качила на тераса од станот на петти кат и се заканила дека ќе се фрли, а потоа тоа и го направила. Сепак, момчето било побрзо и досетливо па се симнало и ја фатило пред таа да падне на земјата.
Девојката го преколнувала своето момче да ја пушти, но тој цврсто ја држел додека не дошле пожарникарите.
10:53