Турците во Бугарија бараат двојазичност - бугарските академици со остри критики

Градоначалник на една мала турска општина во Бугарија пред парламентарните избори во оваа земја побара турскиот јазик да биде втор официјален јазик во државата. Веднаш стигнаа и реакциите на бугарските академици дека ова барање претставува сериозна закана за Бугарија испровоцирана од Турција.   

 

Омер Фарук Челик, градоначалникот на општина Шехзаделер ги повика внатрешно раселените лица на 26 март масовно да гласаат за тоа Турците во Бугарија да станат помоќни, турскиот јазик да стане официјален, јави дописникот на БГНЕС.

Фарук Челик е градоначалник на општина Шехзаделер во југозападната провинција Маниса. Тој за денот на гласањето ветува бесплатен превоз за гласачите до гласачките места низ вилаетот. Тој бара на изборите на 26 март Турците во Бугарија да бидат посилни и сериозно да се залагаат за правата на Турците и муслиманите во Бугарија.

„Сметам дека граѓаните на Турција и Бугарија, оние со двојно државјанство, треба да направат сѐ што е во негова моќ. Овие избори во Бугарија се од огромно значење, имаме информации дека во цела Турција се прават напори за овие избори", изјави градоначалникот Фарук Челик. Тој ги повика сите иселеници во Турција, како и сите Турци во Бугарија, браќа по националност и религија, да го искористат своето право на глас. А по изборите, Турците ќе бидат многу посилни и турскиот јазик треба да биде прогласен за официјален јазик, рече Челик.

На овие најави веднаш реагираше академикот Георги Марков. Тој во колумна за БГНЕС напиша дека ова барање значи сериозна закана за Бугарија од Турција.

„Обидот во Бугарија во употреба да има втор официјален јазик е стара стратегија на Република Турција за мешање во внатрешните работи на земјата. Анкара создаде две партии во Бугарија и тие тука се петта колона. МНР веднаш треба да врачи протестна нота. Не може да се правиме дека не знаеме дека турската пропаганда во Бугарија нанесува сериозни штети“, напиша меѓу другото Марков. 

 

 

 

17.03.2017 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега