Училиштетo Илинден од Крива Паланка наскоро во ново руво

 Во ООУ Илинден, Крива Паланка во тек се неколку инфраструктурни зафати, а паралелно со нив се молерисува и ентериерот на училишната зграда.

Се реновира и уредува постојната канцеларија за наставниците во централниот училишен објект, во завршна фаза е реконструкцијата на потпорната стена зад училиштето која се сруши поради обилните врнежи на почетокот од летото, а ќе се гради и трем со клупи во училишниот двор, наспроти службениот влез.

Директорот  Оливер Дејановски  рече дека активностите се финансираат од буџетот на училиштето, а ги реализираат вработените, со што се врши дополнителна заштеда на средства.

Во претстојниот период е предвидено и поплочување и обележување на паркингот пред училишната спортска сала, а сите зафати се очекува да завршат пред почетокот на новата учебна година.

ФОТО: wikimapia.org