Се расплакал и исчезнал: Телото на Коста било две години пред училишните врати

Константин Чернов (9) исчезна пред две години од училиште од Русија. На момчето недолго од исчезнувањето му починала мајката. Го барале насекаде, но безуспешно. Сега го пронајдоа и тоа пред училиштето. 

Соучениците на Костантин го однеле малку на воздух, но се вратиле без него. Учителката тоа не го забележала, Косата последен пат бил виден во дворот од училиштето во 2015 година. 

За него била организирана голема потрага. Станувало збор за мала средина во која сите меѓусебно се познаваат, волонтери кои ја покренале потрагата се надевале дека брзо ќе го пронајдат детето и сето тоа ќе заврши со среќен крај. Но, не успеаа во тоа. 

Потрагата била проширена, вклучени биле стотина луѓе.

Полицијата ги пребарала сите напуштени куќи, ги испрашувала сите станари, селани, ученици, учителки, но без резултат. Кучиња трагачи го поминале целиот реон, но ништо не пронашле. Коста исчезнал без траг.

Се до оваа среда тоа било најмногу што истражувачите можеле да кажат за тој случј. Но, тогаш го пронашле телото во цистерна со вода која се наоѓа пред училиштето. телото не можело да се идентификува, но дедото на детето го препознал по ременот кој го носел.

nestali-djecak

Останува непознато како е возможно во толкава  акција да се случи таков пропуст. Телото се наоѓало неколку метри од училишните врати. 

- Додека Коста бил на листата за исчезнати, овие две години и три месеци, волонтерите се надеваа дека е жив, па каде и да бил, макар и на крајот од светот, но жив, рекла волонтерката која ја предводела групата за потрага по исчезнатиот КОста. 

nestali-djecak2

 

 

 

 

 

 

17.03.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега