И Француската Амбасада бара помош за Французинката која исчезна во Кичево
И Француската Амбасада во Скопје денеска испрати соопштение во кое бара помош во врска со исчезнувањето на Французинката која дошла на одмор во Кичево.
Валери Незироски има 39 години, висока е 168 цм, тежи 55 килограми, живее во Франција, а последен пат е видена во летната семејна куќа во Кичево на 25 јули 2013. Нејзиниот сопруг нема информации за неа и побарал помош од полицијата во Кичево и Француската Амбасада. Валери разбира албански. Дента на исчезнувањето на себе имала розеви „Адидас“ патики.
Од Француската амбасада апелираат до сите лица кои можеби имаат информации да ја контактираат полицијата на телефонскиот број 192.