Италијанскиот претседател: Берлускони мора да оди во затвор!

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано изјави денеска дека пресудата против Силвио Берлускони ќе остане во сила.

Изјавата на Наполитано дека законот треба да се почитува ги прекина надежите на партијата на Берлускони „Народ на слободата“ дека шефот на државата ќе најде начин поранешниот премиер да остане лидер на десноцентристите и покрај неговата пресуда за лишување од слобода заради даночни измами.

Секоја конечна пресуда и задолжителната нејзина примена не може да бидат пренебрегнати, се наведува во изјавата на Џорџ Наполитано.

Шефот на државата предупредува да не се предизвикува „фатална“ криза во кревката влада на Енрико Лета за време на најтешката повоена рецесија во земјата.

 

10:10

најчитано сега