Испиле отров од страв дека ќе добијат отказ - обид за групно самоубиство во Кина

 

Група од најмалку десет лица во Пекинг се обиделе да извршат групно самубиство, пиејќи пестицид. Дел од лицата носеле маици со натпис „Железница Харбин“, а веројатно станува збор за вработени во таа компанија, кои стравуваат дека ќе добијат откази.

Обидот за групно самоубиство се случил во една улица покрај западната железничка станица во Пекинг, која е една од најфреквентните сообраќајници во градот.

Полицијата и брзата помош ги пренеле жртвите во болница.

Засега не е познато каква е нивната состојба.

ФОТО: Денешен

 

10:03

најчитано сега