43-от Меѓународен саем на мебел

43-от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел МЕБЕЛ 2017 започнува на 21-ви и ќе трае до 26-ти март.

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации во Македонија и пошироко поради оригиналноста на декорираните простори и понудата на  мебел по сечиј вкус. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество ќе земат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи. Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и Словенија.

 Веќе две години по ред изложбениот простор опфаќа 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

 Овогодинешниот Саем за мебел ќе им понуди интересен шопинг предизвик на посетителите кои за да учествуваат во истиот ќе мора да го посетат Саемот, да направат фотографија од нивното омилено парче мебел и истото да го објават на нивниот Фејсбук профил како јавен пост, со хаштагот #МоетоОмиленоПарчеМебел. Откако, ќе го направат тоа, фотографиите со најмногу лајкови ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 300, 500 и 700 евра.

43-от Меѓународен саем за мебел 2017 ќе се одржи од 21.03 - 26.03.2017 година.

Саемот ќе биде отворен од 10,00 до 20,00 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и студенти 50 денари.

 

 

 

 

17.03.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега