Италијански пилот повреден при уривање на хеликоптер во Албанија

Вчера во близина на албанскиот град Берат, се урна хеликоптер на приватна компанија што врши испитување на наоѓалишта на нафта во тоа подрачје.

При несреќата хеликоптерот со задниот дел удрил во дрвја од блиската шума по што леталото се урнало. За среќа, хеликоптерот не експлодирал.

При уривањето на хеликоптерот е повреден пилотот кој е по потекло од Италија, 46-годишниот Луца Калдери. Сега пилотот е надвор од животна опасност.

ФОТО: Сител

09:45