Промоција на 12 наслови од „Превод на 1.000 стручни книги“

 

Денеска во читалницата „1.000 книги“ ќе бидат промовирани нови 12 наслови од проектот на Владата за превод на илјада стручни книги од кои се учи на врвните универзитети во светот.

Со проектот, кој почна да се реализира во 2009 година, досега се преведени, објавени и  распределени по факултетите над 800 учебници од различни области, со што на студентите им е овозможено насловите од современата научна мисла да ги читаат на мајчин јазик.

На промоцијата на новата серија наслови од капиталниот проект ќе  присуствува министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега