Заврши заложничката драма во Луизиана - полицијата го уби киднаперот

Маж вооружен со огнено оружје зеде вчера како заложници три лица, две жени и еден маж, вработени во банка во гратчето Сент Џозеф во американската сојузна држава Луизиана. Киднаперот застрела двајца, а потоа полицијата го совлада, отвори оган кон него и го уби.

Полицијата го идентификуваше 20-годишниот Фуаед Абдо Ахмед кој за време на преговорите изјавувал ќе ги убие заложниците и силите за безбедност, кои упаднале во зградата. Тогаш Ахмед отворил оган кон двајцата заложници, по што полицијата го убила. Повредените заложници се хоспитализирани и тие се во критична состојба. 

Локалната полиција соопшти претходно дека по преговори со мажот неколку часа по почетокот на инцидентот, тој се согласил да ослободи една од жените, која не била повредена и била во добра здравствена состојба.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

ФОТО: Евести

09:17

најчитано сега