Мајката од Кратово се всели во новиот дом - Боки 13 уште еднаш ја покажа својата хуманост

Во последно време ако некој може да се пофали со хуманост тоа е Боки 13 кој помогна на неколку семајства досега.

Во медиумите излезе животна приказна на Драгица од Кратово, која немајќи услови за живот, своите две деца морала да ги даде во дом за да имаат покрив над глава, додека таа еден период била бездомник, а сега живее со нејзината мајка во многу тешки услови.

Истата таа Драгица од утре ќе може да си ги земе децата и да имаат дом и тоа ќе и го овозможи Боки.

Драгица за Фокус изјави дека е пресреќна и дека едвај чека да започне нов живот со нејзините деца.

- -Премногу сум возбудена, ова е прв пат во животот некој да направи нешто добро за мене, не знам што да мислам,како да се однесувам, како да се заблагодарам – со растреперн глас раскажува Драгица Јованова,за Фокус. 

Повеќе прочитајте ТУКА 

 

 

 

15.03.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега