Заев сака да го заобиколи Иванов - Ахмети не се согласува

СДСМ ќе направи обид преку новиот Претседател на Собранието да го заобиколи Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Партискиот лидер Заев ваквиот план го претставил денеска на средбата со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец.

„Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот. Во таа насока, очекувам, во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на Парламентот кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата Влада.“ – рекол Заев, стои во писменото соопштение на СДСМ.

Последниот став од кабинетот на Претседателот Иванов беше дека не се отстранети пречките за доделување на мандатот. Од таму уште еднаш повторија дека немаат намера да доделат мандат за реализација на платформи на туѓи држави во Македонија.

Во таква ситуација рокот од 10 дена на Заев практично не значи ништо бидејќи речи си извесно е дека Претседателот Иванов нема да го смени ставот, особено ако се знае дека СДСМ јавно не се откажа од платформата на Еди Рама, напротив, партијата истата ја имплементираше во својата програма чија реализација, според експертите ќе значи редефинирање на Македонија.

Со плановите на Заев не се согласува ниту неговиот коалициски партнер, Али Ахмети, од кого зависи формирањето на новото мнозинство. Тој вчера во интервју за ТВ21 потенцираше дека воопшто и не сака да влегува во Собранието без договор со сите партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ.

„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“,изјави Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ во повеќе наврати повтори дека не сака да се гласа Влада која претходно нема да добие мандат од Претседателот бидејќи е свесен дека таквата одлука нема да помине преку Уставниот суд.

Заев денеска продолжува со средби со лидерите на албанските партии со кои планира да прави коалиција.

Во меѓувреме, од ден во ден се поголем е револтот на граѓаните чие присуство на улиците најавува дека тешко ќе помине обид за формирање на Влада без мандатот на Иванов. За таква опција не е ниту ДУИ

 

 

 

15.03.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега