Ахмети: Без амин на ВМРО-ДПМНЕ не влегувам во Собрание

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој во неговото интервју за РТВ21 рече дека досега нема никаков знак дека собранието може да биде свикано, но според него се прават напори за тоа.

„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“,изјави Али Ахмети.

Што се однесува до недолувањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, Ахмети рече дека само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг не може да влијае да се реши, како што рече, создадениот политички јаз. Ахмети исто така спомна дека барањето на Беса албанскиот премиер Еди Рама да го прифати авторството на заедничката платформа, е максимално употребена од страна на Иванов и Никола Груевски. 

 

 

 

15.03.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега