70-годишен наркодилер уапсен во Хрватска

Полицијата во Загреб уапси денеска 70-годишен маж, од кого заплени наркотици, како и 1.000 евра.

Пребаран бил и домот на осомничениот и други објекти, кои тој ги користел. Таму била откриена дрогата и парите, за кои се претпоставува дека се од препродажба на кокаин.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за производство и трговија со наркотици.

Вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар изнесува над 100.000 куни, посочува полицијата.

ФОТО: Нетпрес

16:46

најчитано сега