ВИДЕО: Си изградил вила на врв на зграда - ова е најдрската дивоградба во светот

Кинески тајкун од медицинскиот сектор цели шест години помина градејќи го својот приватен планински врв и луксузната вила на врвот на една станбена зграда во Пекинг. Според неговите сограѓаните, ова е најдрската дивоградба изградена досега.

Откако вилата стана популарна, властите му дадоа рок од 15 дена на сопственикот сам да си го урне сопственото ремек дело. Карпестиот комплекс на врвот од зградата со 26 ката содржи соби, карпи, дрва, грмушки, и изгледа како да е изграден на морскиот брег. Оваа дивогрдба стана симбол за кршење на законот од страна на богатите.

Лутите соседи тврдат дека со години се жалеле дека грдбата е нелегална и дека ја загрозува сигурноста на зградата, но локалните власти не преземале ништо се додека фотографиите не се појавиле во медиумите. Соседите се жалеле и на бучавата која доаѓала од таму.

„Тие со години работат, и тоа главно ноќе“, вели еден од соседите. „Сопственикот е арогантен, и не му е гајле за нашите поплаки“, вели соседот.

Градежниот инспекторат најавува дека ако инвеститорот не ја урне сам, тогаш тие ќе ја урнат дивоградбата. Сепак, од инспекторатот велат дека во тие 15 дена, сопственикот може и да докаже дека градбата е легална.

 Сопственикот на гардбата е шеф на компанија која се занимава со традиционална кинеска медицина и е поранешен член на политичкото советодавно тело. Тој за кинеските весници изјавил дека ќе ги почитува одлуките на локалните власти, но не сакал градбата да ја нарече вила туку само „украсна бавча“.

 

16:25

најчитано сега