Клинчаров: Спортистите се сплотени за Македонија

Видовме многу поделби внатре во браншите и кај актерите, и кај пејачите, и кај останатите уметници, видовме дека овие што излегоа да ги бранат знамето, државата, идентитетот и сѐ останато, ги плукаат дека бранеле власт и режим, рече во Отвореното студио на ТВ Нова поранешниот ракометар Мартин Клинчаров.

„Тоа кај нас спортистите од една страна го нема, тоа е првата работа, затоа што веројатно овие, ако веќе се делиме на табори вакви и такви, овие од спротивниот табор имаат проблем да најдат истакнат, успешен спортист кој ќе застане и кој ќе го исплука Кире Лазаров“, вели Клинчаров.

Според Клинчаров, жално е што еден господин како Зоран Иванов се напишал дека е падобрански ас за да исплука величина како што е Кире Лазаров.

 

 

 

13.03.2017 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега