Петров: Најгласните отпораши го распукаа бетонот на СДСМ
Оние кои беа најгласни во поддршката за отпорот пред Црввенковски први потклекнаа под притисокот да се оди на локалните избори. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров во интервју за Дневник признава дека бетонот на СДСМ распукал поради неединството во партијата.
„Отпорот беше демократска форма на искажување револт, која беше производ на насилството врз пратениците и новинарите во парламентот и кршењето на Уставот на земјата. Со предвремените парламентарни избори баравме враќање на легитимитетот на институциите. Барањата беа усогласени на највисоките партиски тела. Сите зборувавме дека зад сето тоа стојат идеали за враќање на демократијата и на слободата на граѓаните. Тоа се основни човекови права. Мислам дека кога се правеше процената, голем дел од нашите водечки партиски активисти ги потценија предизвиците и искушенијата на кои бевме изложени. И јас се ставам во тие. Бетонот распука. За жал, го распукаа оние што беа најгласни во декларациите и во прокламациите пред Црвенковски за уличен отпор и за одење до крај. Ги променија ставовите тогаш кога почна да ги допираа сето тоа лично. Сосема поинаку можеше да биде доколку покажевме доследност и консеквентност на политиките и отидевме на парламентарни избори. Вака ги збунивме граѓаните и тоа се одрази врз исходот од изборите. Тука сакам да истакнам дека онаму каде што победивме, дури и во вакви услови, нашите градоначалници се за мене херои“ - вели Петров за Дневник.
Целото интервју на генреалниот секретар на СДСМ за Дневник, прочитајте го тука