Мугабе им порача на противниците: "Обесете се!"

Претседателот на Зимбабве,Роберт Мугабе им порача на своите политички противници,кои загубија на неодамнешните претседателски и парламентарни избори-„самите да се обесат“.

Во говорот во главниот град Хараре,по повод денот на хероите и одбележувањето на 33 годишнината од ослободувањето на земјата од колонијално ропство,Мугабе ги отфрли критиките и обвинувањата од домашната опозиција и од меѓународната заедница,а посебно од Западот,дека изборите биле целосно нерегулани и фалсификувани.

Лидерот на опозицијата одби да присуствува на митигот во Хараре по повод празникот,објаснувајки дека не би сакал да дели ништо со „изборни крадци“.
 - Ако не може да ги прифатите изборните резултати,тогаш одете и обесете се, му порача Мугабе на лидерот на опозицијата Цвангирај.
Роберт Мугабе кој наполни 89 години,цели 33 години е на власт во Зимбабве,уште од денот на независноста на оваа поранешна британска колонија, која тогаш се нарекуваше Јужна Родезија.
16:12

најчитано сега