СДСМ ќе ги бојкотира изборите за претседател?

 

Општинските организиации на СДСМ подготвуваат бојкот на изборите за претседател на партијата, јавува Дневник повикувајќи се на партиски извори. Според весникот, во СДСМ веќе има иницијатива до општинските организиации, во знак на поддршка на Црвенковски да не ги прифаќаат кандидатурите за нов претседател на СДСМ. Доколку локалните ограноци на партијата се договорат за вакво нешто, пракитчно ниту еден предлог за кандидат нема да стигне до највиското партиско тело и делегатите на Конгресот на 2 јуни, нема да имаат за кого да гласаат, што ќе отвори можност, Црвенковски и натаму да ја води партијата. 
Партиски локални функционери за Дневник ја потврдиле оваа информација.
 „Денеска разговаравме за таа иницијатива, но сè уште размислуваме како ќе настапиме во иднина. Ако се договориме, бојкотот на кандидатурите ќе важи за сите членови на партијата“ - вели за Дневник висок партиски претставник од општинска организација од Скопје. 
Членови на партијата вела дека телефонски им се јавуваат од општинските одбори на СДСМ и од нив бараат, да доаѓаат на собирите на Бихаќка, каде веќе неколку дена по ред, се бара Црвенковски да ја повлече својата оставка. 

најчитано сега