Иванов не попушта, СДСМ прави план Б, граѓаните остануваат на браникот на татковината

 

Претседателот Ѓорѓе Иванов останува на своите ставови и нема намера да го додели мандатот за формирање на Влада врз основа на платформата на албанскиот премиер Еди Рама. Денеска од кабинетот на Иванов за Press24 велат дека пречките за доделување на мандатот за формирање на нова влада не се отстранети па оттука, мандатот нема да биде доделен.

Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување на мандат за состав на Влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

 

Опозицискиот лидер на крајот од минатата недела објави т.н. програма на новата влада и во неа, се обиде да ги завитка во политичка обланда барањата на Еди Рама од тиранската платформа.
Заев не се откажа ниту од воведувањето на двојазичност на целата територија ниту пак од останатите елементи од платформата кои секојдневно вадат стотици илјади граѓани на улиците низ Македонија.

Во текот на минатата недела постоеја најави дека СДСМ и ДУИ ќе влезат во Собранието и ќе се обидат да формираат Влада без мандатот на Претседателот Иванов.
На ова се противат граѓаните од иницијативата За заедничка Македонија кои по овие информации во петокот, уште помасовно дојдоа пред Собранието.

Од СДСМ и денеска го повторуваат барањето Иванов да им го додели мандатот. Од СДСМ и ДУИ во неколку наврати го спомнуваат фамозниот план „Б“ кој според некои медиуми кои се под директна контрола на раководството во Бихаќка значи формирање Влада без мандат. Истите медиуми анализираат дека тоа би можело да го зголеми револтот кај граѓаните и дека тој би можел да ескалира и да го смени текот и интензитетот на протестите.

 

 

 

 

 

13.03.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега