Жена се породи во авион

Патниците на летот во авион од Болоња до Казабланка доживеале нешто што ни на сон не очекувале дека ќе го доживеат. Имено, при летот една бремена жена се породила откако ги почуствувала првите контракции. 

Се работи за 39-годишна патничка со мароканско потекло која започнала да чуствува контракции само неколку минути по полетувањет она авионот. Цела среќа што во авионот меѓу патниците се нашла и една бабаци која успешно ја породила жената заедно со стјуардесите.

Новоредончето и мајката сега се чуствуваат одлично и се во многу добра здравствена состојба.