Данев: Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ ја намалија невработеноста на 23,1 процент

 

Мерките за намалување на невработеноста на Владата предвоена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Благодарение на економските политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги преземаше невработеноста се намали на рекордни 23,1 процент, рече денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев истакна дека со намалената невработеност за 14 проценти, од 38 проценти во 2005-та во времето на СДСМ, на 23,1 процент сега, се создадени 170 илјади нови работни места во услови на светска криза, европска должничка криза и домашно вештачки наметната политичка криза од СДСМ.

СДСМ, посочи Данев, го создаде проблемот со невработеноста, а во свооите мандати не донесоа ниту едно вработување од странска инвестиција бидејќи немаа донесено ниту една странска инвестиција. Напротив, без работа оставија над 200 илјади работници, а секој ден се затвораа фабрики и производствени погони чиј број достигна 684 жртви на транзицијата и криминалната приватизација спроведена од СДСМ, рече Данев.

Позитивните мерки, додаде, даваат резултат и колку и да се обидува СДСМ тоа да го оцрни, фактите го говорат спротивното. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работела, работи и во иднина ќе работи со засилено темпо, се со цел уште поголемо намалување на невработеноста во Република Македонија, наведе Данев.

 

 

 

11.03.2017 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега