ВМРО-ДПМНЕ: Заев барем еднаш да застане зад националните и државните интереси.
Граѓаните и јавноста чекаат претседателот на СДСМ Зоран Заев да се одважи и барем еднаш да застане зад националните и државните интереси, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски истакна дека Заев не собрал храброст да ги отфрли уцените и јавно да се откаже од тиранската платформа и реализирањето на елементите во неа и оти наместо да соопшти јасен став, се обидел да го лаже народот криејќи се зад некакви експерти.
- Најновата манипулација на аболицираниот Заев е дека експерти на СДСМ и ДУИ ќе кажувале дали ќе се менуваат банкнотите, химната, грбот. Тие ќе кажувале дали ќе се менуваат униформите и дали борците ќе се осудат за геноцид. Заев само ќе отварал дебати по сите прашања од највисок државен и национален интерес, рече Ѓорѓиевски.
Народот, како што посочи, не сака ваква тиранска влада. Затоа, потенцира, на Зоран Заев и СДСМ, како ВМРО-ДПМНЕ му нудиме две решенија.
- Едното е да ја одбие јасно и гласно тиранската платформа по сите точки и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на малцинска влада. Второто е да прифати распишување на нови парламентарни избори, заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може кристално јасно да се произнесат за партиската програма, вклучително и таа на СДСМ, па дури и во себе да ја содржи тиранската платформа, без да имаат чувство дека се изборно измамени, рече Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа