Додевска за албанската платформа: Намерата е да се доведе Македонија во директен конфликт со Србија и Грција

 

- Намерата со платформата е крајно лоша и Еди Рама има некој на телефон што му диктира што треба да каже. Македонците и Македонија се колатерална штета.Крајната намера на албанската платформа е да се доведе Македонија во директен конфликт со Србија, а потоа и со Грција, децидна е професорката Иванка Додовска.

Таа во интервју за Телеграф.мк објаснува дека преку Македонците, за кои никој не се интересира, се сака да се казни Србија која е поголем играч и која покажа поголема кохезивност во однос на православниот концепт.

-  Се разбира дека тука не застанува приказната, таа оди кон Црна Гора, за на крајот да се врати на Епир и конечно да се отвори онаа најголема болка што постои во рамки на албанското лоби, а тоа е албанскиот доминантен елемент во Грција. Тоа е најтешкиот залак за оваа концептура, но и за меѓународните играчи. Кога ќе се скршат поситните и помалку битните, тогаш на крајот ќе дојде и православната Грција - нагласува професорката.

Целото интервју можете да го проследите ТУКА 

 

 

 

 

11.03.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега