Фирмите можат да поднесат годишни сметки до 15 март

Централниот регистар на Македонија ги потсетува правните субјекти основани согласно Законот за трговски друштва, коишто го пропуштиле рокот за поднесување годишна сметка за 2016 година во хартиена форма, дека ќе можат да поднесат таква сметка преку системот за електронско поднесување заклучно со 15-ти овој месец. 

На истекот на рокот, следната недела во среда, Централниот регистар ќе врши прием на годишни сметки за 2016 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациски канцеларии ширум Македонија од 08:00 до 20:00 часот.

На 15 март Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во просториите на општините  Кратово и Крушево и во просториите на Уни банка во  Демир Хисар, во периодот од осум до 16 часот.

 

 

 

10.03.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега