Ким и Кање одбиле неверојатна понуда од три милиони долари
Кога забремени најпознатата американска старлета Ким Кардашијан изгуби многу работа, а со тоа и многу пари, па планираше изгубените пари да ги надокнади со продавање на фотографии од нивното дете.
Но, Кардашијан и нејзиниот вереник Кание Вест потоа размислуваа заработката од продажбата на фотографиите да ги донира во хуманитарни цели, но наизглед и таа опција отпаднала.
Ким и Кание досега добиле различни парични понуди за ексклузивна објавување на фотографиите од нивното прво дете, но изгледа дека двојката одбила да ги продаде фотографиите. Американските медиуми наведуваат дека една од понудите изнесувала неверојатни три милиони долари.
Судејќи спореди извори блиски на двојката, Ким и Кание размислуваат фотографиите од ќерката Норт да ги објават во респектабилното списание „Vanity Fair“, или едноставно да ги објават на социјалните мрежи.