Ахмети: Вака можеме да тераме со години
Ахмети предупредува дека политичката криза во Македонија може да се влечка уште со години и дека некои политичари ја користат за да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Коментирајќи го одбивањето на Иванов да му го додели мандатот за состав на владата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и секојдневните протести против албанската платформа, Ахмети вели дека политичките партии не треба да се обидуваат да профитираат од тензиите.
„Ова е политичка криза и треба да се реши со политички средства, а не од неа да се прави меѓуетнички проблем заради добивка на некои политички партии“, вели Ахмети за Ројтерс. Ахмети проценува дека ќорсокакот би можел да продолжи и „уште четири години“, за кога се предвидени следните избори.
Ахмети за Ројтерс потврди дека согласно постигнатиот коалициски договор со СДСМ, албанскиот јазик ќе биде користен во државните институции и на банкнотите. Тој, како што пренесува Ројтерс рекол дека коалициските партнери се договориле и да изберат етнички Албанец за претседател на Собранието, за првпат во независноста на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа