Завршна обука од проектот за спречување шумски пожари
Центарот за управување со кризи денеска ќе го претстави завршниот дел од обуката за спречување шумски пожари, во рамки на проектот „Интегриран систем за превенција и рано предупредување на шумски пожари“ кој успешно го спроведуваше со Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Проектот резултираше со воспоставување Македонски информациски систем за шумски пожари (МКФФИС), а со цел да се споделат позитивните искуства и резултатите од оперативноста на МКФФИС беше развиена Програма за обука на трети земји.
- Оваа Програма има за цел зајакнување на регионалните капацитети за намалување на ризиците од шумски пожари. Втората и последна обука на техничко ниво почна на 6 март и ќе трае до денеска, со присуство на претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и од Црна Гора, информира Центарот за управување со кризи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа