Јовановски: Главната причина за протестот е јазикот
Главната причина поради која излегуваме на улица е јазикот, смета актерот Крсте Јовановски.
-Главната причина поради која мислам дека излегуваме е јазикот, јазик кој е уникатен, единствен во светот, преку кој комуницираме, и сега некој во име на некој документ сака тоа да го снема?, истакна Крсте Јовановски во „Отвореното студио“.
-Ако луѓето од другата страна велат дека нема ништо спорно во платформата, тука се поставува прашањето, ако нема ништо спорно – зошто е уцена?, додаде Јовановски.
Тој посочи дека ако таа платформа нема ништо опасно, зошто луѓето кои сакаат да создадат Влада, коишто чекаат мандат од претседателот ја кријат од народот?
Крсте Јовановски и Коле Манев гостуваа во „Отвореното студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Кога опстојувањето зависи од политиката“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа