Велешани масовно се кренаа за унитарна Македонија
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организираше седми масовен мирен протест пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес.
Маршот поддржан од мнозинството граѓани продолжи низ главната велешка улица се до центарот на Велес кај двата споменика – на Коста Солев Рацин и на Коњаникот посветен на велешките Илинденци.
Учесниците и вечерва, како и во изминатите шест протести, бараа зачувување на унитарноста на Република Македонија и одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.
Пред споменикот на Рацин во центарот на Велес им се обрати професорката Билјана Настова, која ги повика да не дозволат да се прецрта, како што рече, името на нашата мајка Македонија.
– Да не дозволиме нашите заспивалки да се преведат на јазик што нашите деца не го разбираат, да си ја негуваме старицата, во неа е мудроста на сите минати и идни генерации, рече Настовска од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа