Хојт Брајан Ји: Што поскоро да се формира Влада во Македонија
Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји денеска од Загреб повика во Македонија сите страни да бидат подготвени на компромис и што е можно поскоро да се формира нова Влада.
- САД се заинтересирани за стабилноста и за просперитетот на државите во регионот, се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија, вели Хојт од Загреб.
Според него, клучно е за цел регион да продолжат реформите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа