Црвенковски сепак останува на чело на СДСМ?

 

Во СДСМ се прави притисок лидерот Црвенковски да остане на челната позиција, објавува Дневник. Според анализиата на весникот, во опозициската партија се прави простор, Црвенковски да се прикаже како жртва на неединството во партијата околу одлуките да се бојкотираат изборите. Весникот нема информации, дали ваквите сценарија се нарачани директно од Црвенковски или пак кај општинските организиации навистина има желба, долгогодишниот лидер да остане на врвот в партијата.
Експертите кои ги консултирале Дневник велат дека доколку Црвенковски го подготвува тоа сценарио, партијата ќе трпи огромни последици.
 „Ако сè ова е политички трик за само да види кои му се ривали и моменталната состојба за сите тие ривалства, а сака да остане во трка, тоа ќе и нанесе голема штета на партијата, која е сериозна политичка опција“ - вели а Дневник Сашо Kлековски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

најчитано сега