Цветков: Измените на Законот за избори повторно на владина седница

 

Се уште не е донесена владина одлука за измените на Законот за избори што ги предлага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои треба да се овозможи непречена исплата на субвенциите.

Како што информира денеска ресорниот министер Михаил Цветков, Предлог-измените беа разгледани на владина седница во петокот на која присуствуваа и претставници од Државната комисија за спречување корупција.

- Владата не донесе одлука, но ја задолжи Антикорупциска да ги разгледа сите закони, вклучувајќи го и Кривичниот со кој се ограничува исплатата на субвенциите во период до формирање нова влада, истакна Цветков.

На наредната владина седница, додаде, повторно ќе се расправа по оваа точка.

МЗШВ со измените предлага земјоделските субвенции да може да се исплаќаат со формирањето на Собранието, а не да се чека до формирање нова влада како што предвидува актуелното законско решение.

 

 

 

06.03.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега