Владиката Агатангел: Треба да направиме попис, тие што бараат двојазичност и кантонизација не се ни 15 отсто
Митрополитот повардарски Агатангел синоќа на протестниот собир во Велес на „За заедничка Македонија“ порача да се сочува унитарноста на државата за да не се изгуби и светата православна црква. Владиката побара македонските партии да ги надминат недоразбирањата, а странските амбасадори да не му вршат притисок на претседателот Ѓорге Иванов.
– Треба да направиме попис и да се преброиме, па така ќе видиме дека тие што бараат двојазичност и кантонизација не се ни 15%. Затоа драги мои да се сплотиме од ова место пред споменикот на Рацин, ги повикувам двете најголеми македонски партии да седнат на тркалезна маса и да ги решат сите меѓусебни недоразбирања, ако сакаат и нека се истепаат но, да излезат со јасен став дека нема да ја делиме Македонија – рече Агатангел.
Во говорот пак владиката уште ги повика дипломатите да не се мешаат во работата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а Македонците да не си ја даваат земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа