Вонредна прогноза на УХМР: Подгответе се за дожд и нова снежна покривка

До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Утре повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално 20л/2), а во среда во западните и јужните каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат.

Утре на места ќе дува засилен југоисточен ветер, а од среда умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

 

 

Во  сабота се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

 

 

 

06.03.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега