Преку 100.000 луѓе се пријавиле за живот на Црвената планета

Повеќе од 100.000 луѓе се пријавиле за патување на Црвената планета, со цел таму да го поминат остатокот од животот.

- Голем број луѓе се уште ги средуваат своите биографии или немаат уплатено за пријавување, работат на својот видео запис или не пополниле прашалник, истакнува Бес Ленсдорп, еден од основачите на овој приватен проект.

Инаку, целта на проектот е населување на црвената планета по 2022 година, а може да се пријават полнолетни лица.

Годинава се избираат 40 кандидати од кои само четворица ќе може во септември 2022 година да заминат за Марс.

12:01