Јакимовски ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ - не се враќа во СДСМ по ниедна цена
Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски денеска на прес-конференција обелодени дека влегува во разговори за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.
Од денеска па во наредните неколку денови Јакимовски ќе преговара со владејачката партија и нејзините 9 советници.
- " Во изминатите 10 дена преговарав со СДСМ, но тоа не вроди со плод. Очекувам овие преговори да траат пократко", изјави Јакимовски на прес-конференцијата.
Јакимовски оцени дека во државата нема вистинска опозиција и изјави дека нема да се врати во СДСМ без разлика кој е лидер.
- "Не ја исклучувам можноста да формирам своја партија", изјави градоначалникот на Карпош.