Залутан куршум заврши во минибус кој си чекал на патарина - петмина гостиварчани едвај спасија жива глава

Залутан куршум завршил во ветробранското стакло на минибус на патарината Гостивар - Тетово. Инцидентот кој преплашил петмина гостиварчани се случил вчера во 13:40 часот.

 

Во минибусот биле возачот и четири патници. Куршумот долетал во ветробранското стакло на минибусот, додека чекале да платат патарина. За среќа куршумот не го пробил стаклото и никој не бил повреден. 

Полицијата работи на расветлување на случајот.