Среќен роденден Фидел Кастро!

Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро денеска во целосна дискреција во својата куќа во западниот дел на Хавана, го прослави својот 87. роденден.

Само со еден концерт во градскиот парк во престолнината и со промоција на две книги за него, ќе биде официјално одбележан роденденот на човекот кој во својата земја продолжува да се нарекува „команданте“, и покрај повлекувањето од власта во корист на помалиот брат Раул.

-Живеам за да се борам, напиша Кастро во долгото писмо, адресирано до осум шефови на држави и влади, кои на 26 јули допатуваа во Куба  да учествуваат во празнувањата по повод 60-годишнината од вооружениот напад врз касарната „Монкада“ во Сантјаго де Куба, извршено од група револуционери под раководство на Фидел Кастро.

Неговата здравствена состојба останува државна тајна по преживеаната тешка  операција,што го принуди да му ја предаде власта на Раул, на 31 јули 2006 година.

 

10:48