Дамовски: Му благодариме на претседателот Иванов, кој ги испочитува законите и Уставот
Благодарност до претседателот Ѓорге Иванов, поради тоа што го почитувал уставот на Република Македонија и барањата на граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ , изрази Борис Дамовски.
„Почитувани фантоми, пред опустошената канцеларија на претседателот на Република Македонија, од која пред извесен период беше украден лап –топ, на наша среќа Уставот не беше во лап-топот. Му благодариме на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, кој ги испочитува законите и Уставот на Република Македонија, како и нашите барања. Граѓани ова е трет ден на нашите протести и прва победа, не чекаат уште многу“, кажа Борис Дамовски пред насобраните граѓани на маршот на граѓанската организација „За заедничка Македонија“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа