Иванов: Со оваа платформа, Република Македонија е уценета, а нејзината унитарност, суверенитет и независност се загрозени
Со оваа платформа, Република Македонија е уценета, а нејзината унитарност, суверенитет и независност се загрозени, рече Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање од Вила Водно.
– Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Никој од граѓаните на ниту еден демократски избран претставник не му дал право, преговарајќи за пост-изборна платформа на туѓа држава да го загрозува суверенитетот на Република Македонија. Македонските граѓани на изборите гласаа за партиски програми, а не за постизборна платформа на туѓа држава, посочи Иванов.
Ова, додаде тој, се сериозни моменти од историјата на Република Македонија.
– Секој еден од нас мора најодговорно да се однесува, затоа што секоја погрешна одлука може да има несогледливи катастрофални последици за иднината на државата, рече Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа