Иванов: Платформата од друга држава непријатно не изненади

 

По изборите бевме непријатно изненадени од една постизборна политичка платформа од туѓа држава, рече Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање.

– Платформата е постизборен документ изработен и потпишан во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Содржината на платформата е надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор, рече претседателот.

Процесот на пост-изборно коалицирање и формирање на нова Влада, истакна Иванов, стана заложник на оваа пост-изборна платформа од туѓа држава.

– Наместо конечно да излеземе од политичката криза, поради оваа платформа ние за жал заглавуваме во уште подлабока криза во која се доведоа во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани, рече тој.

 

 

 

 

 

01.03.2017 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега